Мицкоски се сретна со бугарскиот премиер, Бојко Борисов

од Aleksandar Todeski

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на конгресот на ЕНП оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Како што соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања во Македонија, односите помеѓу двете држави, но и Европската перспектива на државата.

„Мицкоски истакна дека членството во Европската Унија е од стратешки интерес за Република Македонија и клучната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ. Имајќи го ова во предвид тој посочи дека новата Влада  предводена од ВМРО-ДПМНЕ после 12 април, темелно ќе работи на спроведување на структурни реформи“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски му рекол на Борисов дека Македонија се соочува со сериозни проблеми на поле на владеење на правото, висок степен на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта.

„Притоа тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на реформи во правосудниот систем кои ќе го доведат македонското правосудство на ниво на европскиот стандард. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е за продлабочена соработка базирана на рамноправни основи и взаемно почитување“, велат од опозициската партија.

Слични содржини