Мицкоски се сретна со германскиот министер Мас

од Aleksandar Todeski

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба средба со шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

На средбата беше потенциран интересот за продлабочена соработка, и јакнење на политичката и економска соработка, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски му рекол на Мас дека претстојат промени во државата, пред се поради економските, но и политички потфрлања на Владата кои влијаат врз животот на граѓаните и немањето на концепт и визија на актуелната власт.

Како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски додал дека со оваа влада евроагендата завршува во слепа улица, иако интеграцијата во ЕУ преставува врвен стратешки интерес на Република Македонија.

Тој посочил дека на загрижувачки високо ниво се корупцијата и криминалот против кој мора да се реализираат одлични чекори, а наместо тоа имаме гол популизам без резултати.

Мицкоски рекол дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе води отворена политика и ќе вложува силен ангажман во подобрувањето на стандардот на граѓаните, а првите разлики ќе се почувствуваат во првите 100 дена по формирањето на владата.

Опозицискиот лидер му рекол на шефот на германската дипломатија дека во Германија гледа искрен и силен сојузник изразувајќи подготвеност за продлабочена соработка во сферите од заеднички интерес со акцент на придвижувањето на европската агенда.

Слични содржини