Мицкоски се сретна со Вархеји: Не сум тука да создаваме препреки на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski

Денес во Брисел се сретнавме со Комесарот за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеј. На средбата се разговараше за европските перспективи на земјата како и актуелните случувања во Македонија. Државата уште во 2009 година ги исполни сите критериуми за старт на преговорите, но спорот со Бугарија за кој Заев нè убедуваше дека ги затворил сите отворени прашања, претставува непремослива пречка. Она што дополнително загрижува е отсуството на план на Владата за излез од, не само економската, туку политичка криза наметната поради застојот на интеграциите, објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој истакнал „не сум тука да создаваме препреки на патот кон ЕУ туку да создадеме позитивна клима за да државата се придвижи напред, а тоа е можно со чесен и искрен пристап“.

-Патот кон ЕУ нема алтернатива, а сè друго ќе претставува купување на време и нова лажна надеж од Заев. Ги потврдивме добрите и пријателски односи, како и заложбите за соработка на патот кон ЕУ, нагласил Мицкоски.

Слични содржини