Мицкоски седна на иста маса со Пендаровски (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Во претседателската вила на Водно, започна средбата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на земјата, Стево Пендаровски.

На средбата се очекува тие да разговараат на две теми – едната во врска со судските процеси за „27 април“ и втората за актуелната политичко-економска состојба.

Според видеото, што е објавено од претседателскиот Кабинет, лидерот на опозицијата е во присуство на пратеникот и меѓународен сектерат на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

По завршувањето на средбата, претседателот Пендаровски ќе одржи прес-конференција и ќе повеќе детали за заклучоците.

Слични содржини