Мицкоски: Секој кој сака може да донира за партијата, било да е Камчев, Заев, Мијалков или Груевски

од Aleksandar Todeski

На веб страната на партијата има оставено сметка, секој кој сака, може да донира за партијата, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали би прифатил донации од Орце Камчев или Сашо Мијалков.

Фото: Борче Поповски

„Секој човек од земјава која сака, може да донира, без разлика дали тоа бил Орце Камчев, Зоран Заев, Сашо Мијалков, па еве и Никола Груевски е добредојден да донира пари за партијата. Ние прифаќаме донации од буквално секој кој би сакал да ја финансира кампањата“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека е свесен за долгот кој го има партијата, а кој изнесува околу осум милиони евра и додаде дека навремено се подмируваат сметките кои доспеваат на име на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски исто така повтори и дека имотот на партијата е замрзнат, што според него е незаконски.

Слични содржини