Мицкоски: Сериозен удар врз државата ќе биде доколку се прифати, Делчев да е по нација Бугарин

од Берта Китинска

Опозицијата денеска излезе на протест со возила.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денешниот протестот пред Собранието порача дека е недозволиво  да се прифатат предлозите на Бугарија за решавање на отворените историски прашања.Воедно тој при својот говор се обрати и кон Бугарија од која бара да не очекува договор со Заев на штета на македоснкиот народ.

– Увререн сум дека и вас не ви требаат понижени соседи. Со мафијашка структура на власта на Заев не можете да се договорите, зашто тој го менува мислењето  по неколкупати на ден . Ако биде прифатено дека Гоце Делчев во регионална смисла е македонец а по нација Bугарин, нашиот јазик е лингвистичка форма на бугарскиот, тоа ќе значи асимилација на македонската нација и сериозен удар врз државата. Ако оваа ова биде преточено од власта во одлука, ние таа одлука веднаш ќе ја поништитем кога ќе дојдеме на власт, изјави Мицкоски.

По говорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

Слични содржини