Мицкоски: Сето она кое што беше политика, а која Заев ја предводеше се распадна како кула од карти

од desk4

„Покрај големата разочараност, нема време за губење и Македонија го нема лускузот да загуби ниту еден ден, час повеќе. Нема време ниту за оние помалку чудни анализи за душата, срцето и петата и други комични испади. Ниту за дежурни адвокати на Заев кои се мешаат во туѓите зборови,тука граѓаните се главни. Оваа власт ќе биде заменета и ќе потоне во заборав, Тоа секому е јасно. Народот посакува предвремени парламентарни избори. Исто како и јас за да се надмине кризата и оваа неодржлива ситуација. Колку и да се против власта, избори ќе дојдат и со тоа политичкиот крај на Заев. Потребни се реформи зошто ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи план, употребувајќи ги сите свои капацитети.Тие реформи треба да ги спроведе влада составена од силни индивидуи, со стручно портфолио кое ќе го дадат својот максимум. Време е за одлучни одлуки. Повикувам на средба на државниот врв на која ќе се дискутира за иднинаѕта на Македонија. Има иднина за која сите заедно ќе се избориме. Избрите се важни, но не по секоја цена да се дојде на власт. Туку за да покажеме на светот дека можеме подобро, поинаку и дека има надеж. Македонија ќе успее. го повикувам народот да ја кренат главата горе високо бидејќи во тешки времиња сме биле пркосни, верувајте во промените кои што ќе дојдат“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференцијата за медиуми, а потоа одговори на новинарски прашања и потврди дека ќе учествува на лидерска средба повикана од претседателот Стево Пендаровски.

За тоа кои ќе бидат следните чекори, Мицкоски истакна дека имаат јасен план и дека Заев требало многу порано да си поднесе оставка

„Опозицијата даде доволна шанса на овие политичари да можат да испорачаат нешто за граѓаните на Македонија, но видовме дека тоа се само обични лаѓи, измами и невистина. Ова е практично денешното секојдневие. Ние излегуваме на плоштадите, улиците, ќе тропнеме на секоја врата, ќе разговараме со нашите сограѓани, соседи за тоа како треба оваа држава во иднина да изгеда. Имаме јасен план за нашите следни чекори. но важно е дека на Македонија и се потребни реформи кои ќе значат крупни чекори во иднина. Господинот Заев требаше да си поднесе оставка многу порано, тој ќе влезе во историјата како еден од најнеуспешните премиери кои нанесол големо зло за генерациите кои денес се современици, туку и за оние кои доаѓаат. Сето она кое што беше политика, а која тој ја предводеше се распадна како кула од карти“, рече Мицкоски.

Слични содржини