Мицкоски со апел до власта: Хронично болните да се ослободат од работа

од Берта Китинска

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  апелира до здравствените власти да ги ослободат хронично болните од работа поради високата загаденост на воздухот и состојбата со коронависурот.

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од ковид апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања. Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест. Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност“, пишува  Мицкоски на својот Фејсбук.

Владата на 23 септември  одлучи хронично болните, кои претходно беа ослободени , да се вратат на работните места.

Слични содржини