Мицкоски: Со намалувањето на рамниот данок на 8%, пропорционално ќе се намали и сивата економија

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Клан Македонија, посочил дека во Македонија ќе отворат истражувачки развојни центри, со кои младите ќе ги задржат во земјата и на тој начин Македонија ќе му извезува на светот памет.

Тој дека имаат сериозен план и моќна стратегија преку која ќе го реализираат тоа и со кои не очекува вистински голем инвестициски бум.

– Она што го зборувам многу пати, развојни истражувачки центри, со кои практично ќе ги задржиме младите тука, во Македонија, кои што ќе извезуваат памет, народски кажано. Планот е сериозен, стратегијата е навистина моќна и очекуваме голем инвестициски бум и рапиднна реализација на капиталните инвестиции. Ние се обврзавме за минимално годишно инвестирање, отприлика минум околу 90-тина проценти од она што го предвидуваме во капиталните инвестиции. Така што, навистина очекувам економски бум и за Македонија и за граѓаните на Македонија, констатираше Мицкоски.

Тој објасни дека втор столб, кој што е многу значаен за развојот на економијата е реиндустријализацијата на Македонија и пристапот на привлекување на странски директи инвестиции кои ќе бидат со голема додадена вредност.

Мицкоски смета дека со намалувањето на рамниот данок, конкретно на 8%, пропорционално ќе се намали и сивата економија која ќе доведе до зголемување приходите во буџетот.

– Главна суштина и главна битка во делот на зголемувањето на приходната страна е намалувањето на сивата економија. Ние цениме дека со намален рамен данок, сивата економија пропорционално ќе се намалува. Постојат и други механизми кои што ги има државата во посед кои што ќе ги користиме во следниот четиригодишен мандат – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Слични содржини