Мицкоски со поддршка за Јанкуловска, вели била судена без докази, ја поврза и со Палевски

од Vladimir Zorba

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи власта на Заев, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор“, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната одлука на Врховниот суд.

„Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт.

Јанкуловска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски, и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата.

И не заборавајте, Горде е мајка на еден мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане. Мафијата не треба да се плаши од освета, туку од правда, а таа ќе дојде“, вели Мицкоски.

Слични содржини