Мицкоски: Состојбата со Ковид вирусот е драматична (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Состојбата со заразата со Ковид станува драматична. Дефинитивно е дека владата нема план, нема правец и народски кажано не знае каде тера. Огромниот број на заразени потврдува дека работите излегуваат од контрола и секој обид за релативизирање на работите е штетен и претставува потценување на заразата. А, потценување на вирусот подразбира дека тој ќе продолжи да се шири. Секоја наша препорака ја игнорираа, и затоа најлошо се справуваме со вирусот споредено соседството“, вели денеска вовидео обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Опасни се тезите дека вирусот слабее во своето дејство, таква научна теза се уште не е докажана. А, уште поопасно е тврдењето дека владата има контрола и ги знае кластерите. Бројката на новозаразени не го потврдува тоа. Ова не е политички инает, туку сурова реалност која се плаќа со животи на луѓето“, додава Мицкоски.

Слични содржини