Мицкоски: Тие кои гласаа, не знаеја за што гласаат, бидејќи го немаа видено протоколот

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше запрашан зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не останале во салата да гласаат „против“ заклучоците за францускиот предлог.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е јасен дека ние сме против. Но огромна лага е тоа што сакаат да ја протнат се гласало за модифициран предлог. Во парламентот се гласаше за документ со помало правно значење од тој документ. Тие кои гласаа, не знаеја за што гласаат, бидејќи протоколот не беше составен документ и го немаа видено. Предлог заклучоците немаа никаква врска со ова што го потпиша Бујар Османи. ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да легитимираат политичко дивеење и насилство. Ние бевме за време на расправата, дебатиравме, го кажавме нашиот став дека сме против, но за жал, има 68 кои одлучија да глумат некакви заклучоци“, вели Мицкоски.

Слични содржини