Мицкоски тврди дека добивал закани по неговиот живот и по животот на неговите најблиски

од Vladimir Zorba

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Заспиј ако можеш“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека изминатите неколку денови од непознати броеви добивал безброј закани по неговиот живот и по животот на неговите најблиски, но дека тоа нема да го поколеба во борбата против, како што вели, оваа „криминална и расипничка власт“.

Тој додаде дека овие притисоци датираат од многу порано, односно секогаш кога „ВМРО-ДПМНЕ ќе тргне да објавува криминални афери на власта, тогаш се активираат насилниците кои најверојатно работат по нечија директива“.

„Јас сум се нафатил на оваа работа и стојам на чело на ВМРО-ДПМНЕ затоа што мојата намера е да расчистиме еднаш засекогаш со овие криминални политички гарнитури. Македонија не може да застане на нозе, ако вакви луѓе продолжат да ја водат државата. Покрај сите закани и уцени кои ги примам секојдневно, можам да порачам само дека нема никогаш да престанам и дека оваа борба ќе ја водам се додека оваа власт не падне, а потоа сите до еден да одговараат пред лицето на правдата. Македонија не смее да остане земја на криминал”, истакна Мицкоски.

Слични содржини