Мицкоски тврди дека Филипче платил 7,8 милиони долари на фирма посредник за Синофарм вакцините

од Берта Китинска

На денешниот брифинг со новинарите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави документ со кој тврди дека имало уплата, но не се знае дека имало поврат на средства, од страна на Владата за набавките на кинеските вакцините.

Министерството за здравство и платило 7 800 000 американски долари на посредничката фирма „Стабри Интернешанл“ од Хонг Конг за набавка на вакцини против ковид-19 од Кина. Според документот што денеска го објави ВМРО-ДПМНЕ, како продолжение на случајот што го отвори италијанскиот весник „Ла Верита“, исплатата е извршена на 15 февруари 2021 година.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека имаат сознанија дека оваа сума е 60 отсто од вкупната што требало да ја добие посредничката компанија за да испорача 200 000 дози од вакцината на „Синофарм“ во земјава. Соодветно, пресметките на ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата влегла во зделка со која една доза од вакцината на „Синофарм“ би чинела 65 американски долари.

Слични содржини