Мицкоски тврди дека ќе освојат 61 пратеник ако денес има избори

од Nikola Popovski

Не знам што мислите под конфронтација со ДУИ. Што да направиме? Ако мислите физички да се пресметуваме, тогаш… а ако мислите реторички…Истражете што се случува со автентичното толкување на Законот за игри на среќа и зошто е потпишан потпретседателот на Владата, кој гласал, кој не гласал, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Топ тема“.

Лидерот на најголемата опозициска партија повтори дека „не може да се помири фактот што иднината на Македонија се крои во Мала Речица“.

-Ако влеземе во коалиција со ДУИ, нема да ја кроиме така. Ние ќе ја кроиме иднината на нашата Македонија врз потребите на граѓаните. Затоа бараме предвремени избори. Сигурен сум дека ќе освоиме 61 пратеник на предвремени избори. Чувајте ми ја изјавата. Ако од денес почне предизборната кампања, ви гарантирам дека ќе имаме точно 61 пратеник, додава Мицкоски.

Слични содржини