„Мицкоски вчера се силеше а денес молк, неодговорно е едно да се зборува пред камери а друго на средби“

од Берта Китинска

Исплива на површина уште едно лицемерие на Христијан Мицкоски.Откако вчера се силеше, јавно повикуваше новинари да му постават прашања на Петков, вечерва од Мицкоски молк, велат од СДСМ.

-Зошто Мицкоски не ги поставил прашањата кои вчера ги нарачуваше од новинарите? Неодговорно е едно да се зборува пред камери а друго на средби.Ова не му е прв пат на Мицкоски, истото се случи и на средбата со поранешниот премиер на соседна Бугарија, Бојко Борисов.Мицкоски уште еднаш покажа дека е политичар без став за важните државни и национални теми , велта од партијата откако Мицкоски оставри средба со буграскиот премиер, а за истата информираше преку својот Фејсбук профил.

Слични содржини