Мицкоски: Велите дека превземате мерки, а ништо конкретно не се работи

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласил по повод денешните бројки на новозаразени, велејќи дека ништо не е под контрола.

„Заев, Филипче баталете ПР… Овде се работи за животите на луѓето. Македонија денес руши рекорди со црни биланси. 420 новозаразени во Скопје.

Велите дека е под контрола, велите дека превземате мерки, а ништо конкретно не се работи. Велите дека го заштитувате населението, а хронично болните и утре ги терате на работа и ги ставате под ризик нивните животи, велите дека се грижите за здравствените работници, а не им обезбедувате макар бесплатни тестови за #COVID, велите дека има услови за избори во Штип, а со сила креирате корона кластери. Секој ден покажувате дека со оваа неспособна Влада дното одново се пробива, уште подлабоко. Ваквата неспособност не е повеќе за лутење, за жалење е“, стои во Фејсбук објавата на Мицкоски.

Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 934 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 2.748 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 30.488.

Слични содржини