Мицкоски ветува изградба на повеќе од 100 градинки и 150 училишта

од Nikola Popovski

Вие сте силата на оваа држава и во вас е клучот за новата иднина, за иднината што ќе донесе промени, во начинот на функционирање на институциите и политичарите, промени во сите сфери, исполнети со реформи и развој, иднина на проекти и цврсто даден збор, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од предизборниот митинг на партијата во Струга.

Според него, Заев се повеќе наликува на Груевски од Али Експрес.

-Победа е сето она што не чинело да го корегираме, победа е кога ќе спасиме 14 животи, победа е кога ќе згрешиме да се извиниме. Победа е да создаваме принципи, да има одговорност кога треба, а кога треба да кажеме: направивме се што можеме. 30 години нижеме порази, време е да почнеме да победуваме. Илјадници како мене, поради таа транзиција, криминална пљачка, останаа со мислата како да обезбедат егзистенцијата за децата. Па оној непотребен конфликт во 2001 година. Ајде да не дозволиме да се повтори. Да изградиме заеднички, модерен, нов патриотизам. Да создадеме заедничка иднина, да ги победиме заедничките проблеми, рече Мицкоски и додаде:

-А ова што го зборувам го има и во програмите што ги нудиме. Повеќе од 14 835 проекти од различни области, за различни реални потреби на нашите сограѓани.

Повеќе од 2000 ширум Македонија, Повеќе од 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови, 90 спортски сали за младите. Гасификација за поздрава животна средина и што ли уште не. Ова е тоа кое ние го нудиме.

Слични содржини