Мицкоски: Владиното мнозинството сака на сила да го мине законот за попис

од Берта Китинска

Насилно се турка пописот и целата работа затоа што станува збор за политичка операција, а не за статистичка, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Дневникот на ТВ Сител

-Ние сме на страна на граѓанството, тоа е различна страна од Владата која се обидува да го презентира ова како национална тема и како некој бил против правата, но суштината е дека ние сме на страната на она што треба да даде одговор за тоа како Македонија треба да се развива во иднина, вели Мицкоски.

Тој обвини дека владиното мнозинството сака на сила да го мине законот за попис, но како опозиција нема да дозволи и ќе се спротивстави  на оваа политичка операција.

Слични содржини