Мицкоски: Власта е исплашена од предвремени избори

од Берта Китинска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вели дека ќе побара поддршка и од медиумите и од сите граѓани масовно да излезат и да покажат пркост што навистина мислат граѓаните за оваа владеење на владата на СДСМ.

-Ќе побараме и општествена поддршка од вас, од луѓето кои што се креатори на јавното мислење. Ако мислите дека е вака добро, тогаш јас сум бил во заблуда, ако не придружете ни се, да излеземе сите масовно да покажеме пркост, да покажеме што мислиме, изјави тој во интервју на ТВ Сонце

На прашањето што смета тој за предвремените парламентарни избори со оглед дека СДСМ не прифаќа, Мицкоски потенцираше дека власта е исплашена бидејќи ќе им се случи огромен пораз. Тие се уплашени од својот страв, тие се двојно уплашени, како ќе се согласат кога они знаат што ќе им се случи. Ќе им се случи огромен пораз, дециден е Мицкоски.

Тој најави голем проект за Скопје за кој како што рече ќе е од големо значење и сериозно ќе влијае на квалитетот на животот на скопјани, но и на македонската економија.

Слични содржини