Мицкоски: Власта е виновна за поскапувањето на струјата

од Берта Китинска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната пре-конфереција изјави дека новото покачување на цената на електричната енергија не било ветено од оваа Влада и ведша било спроведено по изборите.

„Покачувањетo на цената на електричната енергија е нешто што оваа Влада не го вети, а го реалзиира веднаш по изборите.Во услови кога имаме тешка криза, ова претставува удар врз стандардот и е грабеж на граѓаните. Ваквиот чекор кој очигледно бил планиран пред изборите претставува измама на граѓаните. Покачувањето овозможува екстра профит на приватна компанија. Нема друга држава среде ковид-пандемија што покачува цена на струјата. “,изјави  Мицкоски.

Слични содржини