Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е единствена која ги штити државните и националните интереси на македонскиот народ

од Vladimir Zorba

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ „останува македонска партија која што била и ќе остане единствена, заштитник на државните и националните интереси на македонскиот народ на граѓаните во Република Македонија, на другите етнички заедници“.

– Еве се чудам од вчера до денеска и не можам да донесам некој логичен заклучок како човек може да се срами од родот свој, а да очекува другите етникуми повеќе да го почитуваат кога гледаат дека он своите практично ги остава. Но, тоа е состојба во СДСМ, има таму луѓе основачи, луѓе кои ја формирале, создале партијата, тие треба да се јават, тие да дадат одговор да кажат врз основа на кои постулати се темели тоа комплетно напуштање на концепт на кој е создадена таа политичка партија. Јас како лидер на опозицијата, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ можам да кажам дека останува македонска партија која што била и ќе остане единствена, заштитник на државните и националните интереси на македонскиот народ на граѓаните во Република Македонија, на другите етнички заедници, вели Мицкоски.

Слични содржини