Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е познато по работа, СДСМ по нешто друго

од Берта Китинска

Очекувам да се состанат органите на СДСМ и да одлучат како ќе функционира оваа партија.Јас нема да се плеткам ,  ние освоивме 42 општини и поддржавме независен кандидат со победа во Скопје. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме посветени на работаи само работа. Ние сме познати по работа, тие по нешто друго. Ако овие луѓе продолжат да менаџираат со СДСМ, не очекувам промени. Ќе  се најде пион на Заев  за да го продолжи заевизмот. Таму треба суштински да се промени,  вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски.

На парашањето  дали Алтернатива ќе биде дел од Владата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека нема разговарано Гаши.

„Немам информации што ќе донесат тие како заклучок, не сме зборувале со Гаши на таа тема. Да почекаме, да бидеме трпеливи“, рече Мицкоски.

Слични содржини