Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусирана да состави нова Влада

од Берта Китинска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната конститутивна седница најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави новата Влада.

„Да оставиме времето да покаже кој ќе го  формира парламентарното мнозиство. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе бидат дел од овој парламентарен состав, ќе бидат фокусирани исклучиво во предлози кои ќе значат вистинска борба против криминалот и корупцијата“, рече Мицкоски.

На прашање дали во редовите од неговта парија има пратеници кои би можеле да преминат на страната на СДСМ, Мицкоски изјави дека не верувам дека постои некој од неговите пратеници што би ја поддржи програмата на Заев.

„Не верувам дека постои некој  од овој парламентарен состав од нашата партија  кој ќе ја поддржи програмата којашто ќе је понуди господинот Заев“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека мистериозни личности во името на раководството на СДСМ се обиделе да се пазарат со пратеници.

„На оние пратеници на кои им пристапиле митериозни личности кои се повикуваат на името на раководството на СДСМ, пријдоа ми кажаа и со згрозување ги одбија и јас со згрозување одбивам да коментирам ваков тип на пазар. На тој начин само ги демотивираме нашите сограѓани за на следните избори кои ќе бидат локални да излезат и да го дадат својот глас“, изјави Мицкоски.

Слични содржини