Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не учествува во спорот со Бугарија затоа што непоканет гостин никаде не оди сам

од Nikola Popovski

„Непоканет гостин никаде не оди сам“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за емисијата „Топ тема“, на прашањето зошто опозицијата не се вклучи во спорот со Бугарија и најавата за можната блокада во преговорите со ЕУ.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ стои на страна затоа што биле одбиени, како за преговорите за Преспанскиот договор, така и сега за спорот со Бугарија.

„Секогаш сме биле со иницијатива за да учествуваме во преговорите. Еве ќе видите, ние како партија ќе бидеме заобиколени од телата за Законот за попис“, смета Мицкоски.

Слични содржини