Мицкоски во одбрана на сопартиецот: Истите тие што лажеа за „Монструм“, лажат и за Милошоски

од Nikola Popovski

„Кога Зоран Заев сака да направи дефокус од катастрофата која и ја приредува на државата ги вклучува партиските механизми на полицијата, и правосудството и први дежурни кривци му се Димитар Димовски и Миле Јанакиески“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претставниците на Стопанска комора на Северо-западна Македонија.

Тој ги отфрли како лаги наводите во некои медиуми дека Антонио Милошоски фалсификувал документи додека бил во Германија.

„Истите тие што лажеа за „Монструм“, за Младенов, за семафорот на Триумфална капија, за покачување на платата на 500 евра просек и што ветуваа пет отсто раст, се оние што денеска повторно лажат за Милошоски“, рече Мицкоски.

Слични содржини