Мицкоски: Впечатокот дека сите сме исти е клучот за пеколот, не е нормално така

од Nikola Popovski

Тој впечаток дека сите сме исти е клучот за пеколот, за да тие продолжат да владеат и во исто време да ја крадат нашата заедничка иднина. Тоа се оние пораки кои го принудуваат народот да си мисли крадеа претходните, ќе крадат и овие. Е па не е нормално така. Треба да кажеме доста беше, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Штип, кој реши наместо говор, јавно да го прочита писмото до кандидатот за градоначалник на градот, Иван Јорданов.

Според него, не се сите исти.

-На нас оваа генерација Иване, е товарот да ги промените работите. Штип се развиваше, Штип се градеше до пред 4 години, зошто го имаше Илчо Захариев. Но и како што тој самиот ми кажа на една од нашите чести средби, вели светот останува на младите, а јас ќе му помагам на Иван ккако мое дете. А јас пак Иван Јорданов го знам од мали нозе. Чесен и вреден, со искреен жар за помош и докажување, рече Мицкоски на промоцијата.

 

Слични содржини