Мицкоски: За да не се одложат изборите ќе предложам нов кандидат за МВР

од Nikola Popovski

Сведоци сме на проблематизирање на техничката влада, пред се на избор на професионалното решение за МВР. Тоа е системот кој отфрла професионалци, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Фото: Борче Поповски

Тој вели дека премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Оливер Спасовски се ставиле во улога на Уставен суд, но и дека нивното однесување потврдувало дека власта била замешана во судовите во земјата.

,,Во Уставот немаме категорија технички министер или техничка влада. Заев и Спасовски се против професионализација, но не се против партизација. Во Законот за МВР вели дека работник во Министерството не смее да биде претставник на партијата. Спасовски е потпретседател на СДСМ, но тоа не им пречеше”, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата кажа дека е потребно одговорно однесување, па затоа тој немало да дозволи да се избега од избори.

,,Отпорот на Заев кон кандидатот е неправда, но најголема неправда би била да се избега од избори. Ќе предложам нов кандидат за МВР денеска. Повторно станува збор за професионалец. Чекам на консултации со Заев и Ахмети”, рече Мицкоски.

Тој кажа дека се обидел да разговара со премиерот, но дека чека тој да се врати од патувањето и нагласи дека кандидатот повторно не е партиски член.

A.T.

Слични содржини