Мицкоски за иницијативата за референдум на Левица: Нека дојде во парламент, па ќе коментираме

од Берта Китинска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција истакна дека не би говорел на тема иницијативата за референдум на политичката партија Левица.

„Нека дојде во парламент, па ќе коментираме“, порача Мицкоски.

Денес Левица поднесе предлог за поднесување граѓанска иницијатива за референдум. Народот треба да го има зборот кога станува збор за прашања од национален интерес, изјави лидерот на Левица Димитар Апасиев кој денеска ја поднесе Иницијативата за референдум до Државната изборна комисија.

Тој посочи дека очекува за 90 дена, односно до крајот на календарската година да бидат собрани потребните 150.000 потписи, посочувајќи дека не очекува пробелми како предходната на ВМРО-ДПМНЕ.

Левица најави целосна блокада на Собранието, доколку собранискиот спикер Талат Џафери ја одбие и оваа Иницијатива.

Референдумот е под прашањето „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022“.

Слични содржини