Мицкоски за купувањето гас од Србија: Моето сценарио е подобро и поиздржливо

од Nikola Popovski

Направивме сценарио со кое ќе му овозможиме на бизнисот да користи енергенс кој што е два пати поевтин. Произвeдената електрична енергија , која ќе биде наменета за стопанството, ќе биде по најмалку двојно пониска цена од сегашната. Бараме заменска централа, а тоа е ТЕ-ТО. Имаме контакти, доколку постои интерес во Владата. Тоа се луѓе со кои ние сме разговарале. Луѓето кои значат нешто во Европа не се контактирани, изјави првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски околу понудената помош до Владата и план за ублажување на последиците од енергетската криза.

Мицкоски за планот на Владата за соработка и набавка на гас од Србија вели „дека неговото сценарио е подобро и поиздржливо“.

-Многумина велат „остави ги, нека се удават“, но тоа не е државничко. Мораме да излеземе како зрела опозиција која нуди решение. Ова се сериозни теми и сериозни работи и мораме да ги живееме во наредните години. Отворена е поканата, подготвен сум да седнам и да разговараме. Не сум добил се уште повратен одговор, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Тв Сител.

Слични содржини