Мицкоски за Мијалков: Редовно ќе гледаме вакви театри

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја коментираше денешната одлука на Апелација да ја прифати гаранцијата на поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков и да го ослободи од притвор, при што ќе се брани од слобода.

-Тоа е евтин театар и обид на луѓето што го водат правосудството, да се исперат од тоа што се случило. После тоа видов Обвинителството повторно бара притвор за него. Редовно ќе гледаме вакви театри кога ќе му треба на СДСМ, Заев или било кој во раководството на Заев, смета Мицкоски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини