Мицкоски за можното повлекување на Заев: Многупати Зоран Заев кажал, па порекол

од Берта Китинска

Многупати Зоран Заев кажал, па порекол, така и овој пат, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешната изјава од Гевгелија, во врска со изјавата на Заев за негово повлекување.

-Мене ме загрижува ова кое се случува меѓу двата круга посебно политиката на делби и поделби, на или-или коментари, разгорување на меѓуетничка тензија која се случува низ Македонија, треба да знаат граѓаните дека ставањето на „ол-ин“ и ставањето на граѓаните пред свршен чин, и клекнувањето на државата од владеачкото дуо СДСМ – ДУИ има само една цел да  ги задржат привилегиите од власта и заедно да продолжат ортачки да крадат од тендерите и да ги пљачкосуваат граѓаните, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини