Мицкоски за нов клинички центар: Проектoт од бабите и жабите е 400 илјади евра помалку

од Берта Китинска

„Во право е Филипче, користи баби и жаби, и тука морам да се согласам со него. Разликата е околу 400 милиони евра или толку е поевтин клиничкиот  во соседна Србија, од клиничкиот кој Филипче и Заев планираат да го украдат од граѓаните“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција во врска со изградбата на новиот клинички  центар.

Тој објасни и дека разликата е во тоа што во Македонија нема проект туку физибилити студија за нов клинички од само 30 страни.

„Ова е проектот на Филипче од 30 страни, ова е физибилити студија. Во оваа студија на страна 9 во делот предложен капацитет на кревети стои дека ќе има 1.000 кревети. И ако го споредите тоа  со клиничкиот центар за кој има проект за клинички центар во Србија,  ова овде е параван како да се покраде пола милијарда. Тоа додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволам. Проект од бабите и жабите од 400 илјади евра помалку“, вели Мицкоски.

Слични содржини