Мицкоски за отсуството на Арсовска во јавноста: Треба да и оставиме простор на новата градоначалничка

од Берта Китинска

Бидете трпеливи ќе бидеме достапни за медиумите, градоначалничка Данела Арсовска не е 30 дена, туку две недели  на функција. Нормално е да се остави 100 дена за да се видат првите резултати и начинот на функционирање.Треба да и оставиме простор на новата градоначалничка, вели лидерот  на  ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Од она што го гледаме во Град Скопје, јавноста ќе се занимава од тоа што оставил претходникот. Се надевам дека медиумите ќе информираат непристрасно што оставил претходникот. Ќе бидеме достапни за јавноста, рече Мицкоски.

Прашан за БРТ системот, тој смета дека не треба да се спроведе.

Слични содржини