Мицкоски за прифаќањето на Северна Македонија од неговите министри: Би биле лицемерни ако ја игнорираме оваа реалност (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во партиското седиште рече дека имаат сериозни индиции за злоупотреба и прекршување на законите и овластувањата во последните денови од мандатот на Зоран Заев и дека сето тоа ќе биде презентирано и изнесено пред јавноста.

Во однос на обвинувањето од СДСМ за лицемерие и лажен патриотизам дека немаат проблем со новото име Северна Македонија кога се работи за функциите, Мицкоски рече дека не видел никаде на прес-конфернеција тие да ја употребуваат новата придавка.

– Ние би биле лицемерни ако ја игнорираме оваа реалност. Но, ова е првиот чекор кон тоа да ја поразиме оваа реалност и во иднина макотрпно да работиме да ја промениме таа реалност. Ако мислите дека ние ќе ја игнорираме таа реалност, тогаш би биле лицемерни, како што тоа го прават перјаниците на СДСМ во последно време, каде што до вчера устата им беше полна со новата придавка, а денеска на нивните фејсбук профили осамнува само Македонија. Тоа е лицемерие, не тоа што ние го правиме, каде се трудиме од петни жили да го поразиме овој трул систем и за жал оваа реалност што не можеме да ја игнорираме, рече Мицкоски.

Слични содржини