Мицкоски за противпожарната скала: Загреб ја платила со целосна дополнителна опрема за двојно помалку

од Vladimir Zorba

Покрај тоа што Загреб е речиси двојно поголем од Скопје, градот убав наш со Шилегов ја платил нашата противпожарна скала за двојно повеќе од Загреб“, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Се извинувам, ние скопјани ја плативме, истото возило, а некој друг одлучи за поскапа нарачка. Ама очигледно имаме сѐ, но криза немаме, па така градската администрација во Загреб ја платила противпожарната скала со целосна дополнителна опрема за помалку од 800.000 €. Но, ние затоа ќе платиме повеќе од двојно, дури 1.700.000€“, посочи Мицкоски.

„Ќе биде градот убав, нашето Скопје европско, ама прво ќе го ослободиме од нашиот сегашен и уште за кратко градоначалник Петре Шилегов, а потоа ќе го направиме вистинска европска метропола“, истакна тој.

„Додека ТИ Христијане ја замараш македонската и скопската јавност со своите лаги и конструкции, ние веќе правиме обука на персоналот и вршиме технички прием на противпожарната скала, новото добро во нашиот град. Прав си. Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани! Продолжи и понатаму да се занимаваш со црнилото во својата душа. Јас ќе продолжам да се грижам за безбедноста на скопјани. Можеби малку ти е чудно во твоето црнило, но Скопје веќе е европски град, со европски и светски стандарди“, сподели претходно градоначалникот на Скопје за обвинувањата на Мицкоски.

Слични содржини