Мицкоски за тендери е гласен, за струја од хидроцентралите молчи, вели СДСМ

од Берта Китинска

Христијан Мицкоски со денови е гласен за одредени тендери, за фабрикувани лаги и конструирани случаи, но никаде го нема кога треба да се зборува за струјата од неговите хидроцентрали, посочуваат од СДСМ.

Оттаму велат дека Мицкоски е познат по своите бизниси со хидроцентрали, додавајќи дека овој факт го потврдуваат и официјални документи од институции.

-Денес, самиот тој тврди дека бил загрижен, дека било криза, дека се живеело лошо додека тој се кара внатре во ВМРО-ДПМНЕ за тендери и провизии.Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните?Ете му шанса на Мицкоски да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза.Или провизии се дел од причината зошто се молчи?, прашуваат од владејачката партија.

Слични содржини