Мицкоски: Заев избега од дебати затоа што не сака да се соочи со вистината

од Vladimir Zorba

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување на Алфа телевизија истакна дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев бега од дебати бидејќи не сака да се соочи со вистината.

– Во тие наши соочувања тој го тргаше погледот и нема храброст да гледа во очи. Тука се чувствува една колебливост дека во тоа што го зборува и самиот не верува, дури и свесно знае дека рефлектира невистини. Штета што и сега не се охрабри да гостува па повторно да се забележи тоа, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека жалосно е што Заев не сакаше да се соочи со носителот во четвртата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, бидејќи и самиот тој е носител од СДСМ, и добро е граѓаните на оваа Изборна единица да видат дуел на двајцата кандидати кои ги изнесуваат политиките пред граѓаните.

– Јас и кога кажав дека ќе бидам кандидат за мандатар очекував дека од друагат страна ќе има нешто такво, но бидејќи Заев а одби таа понуда, сакаше да биде на листа, редно ќе беше да се соочи на ТВ дуел бидејќи граѓаните во Изборната единица 4 да знаат за кого да заокружат. Има граѓани кои се одлучуваат и поради впечатокот на такво соочување, изјави Мицкоски

Слични содржини