Мицковски и Сиљановски не отишле на митинг во Чашка и Лозово

од desk4

Изгледа Силјановска и Мицкоски денеска покажаа и дека бегаат од граѓаните, се коментира по социјалните мрежи и медиумите.

Кандидатот за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова, денеска заедно со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, требаше да оддржат митинг во општина Лозово. Иако митингот беше закажан за во 16.30 часот тој сепак се одложил, објавија повеќе медиуми,  откако се видело дека биле присутни само 20-тина луѓе.

По информациите кои пристигнале до штабот дека нема доволно луѓе,   Мицкоски и Силјановска решиле да го откажат митингот. Малубројните сепак се почувствувале навредени затоа што никој од партијата не ги удостоил да даде објаснување, нитул лидерот ниту Сиљановска која сака да биде претдедател на сите граѓани

Истата слика се повторила и за  општина Чашка каде според информациите проценката им била верокатно дека немало никој да дојде и подобро е да откажат, што и се случило.

Колку сето ова е најава за понудата или довербата очекува да се види на 21 април на денот на гласање.

Слични содржини