Мицковски ја прекина прошетката по Италија-ВМРО-ДПМНЕ бара итна лидерска средба

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ бара итна лидерска средба, на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров во присуство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов би ги соопштиле деталите и насоките по кои се движат разговорите за името

Како што соопшти   на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, поради ваквото барање партискиот лидер Христијан Мицкоски ги прекинува својата работна посета на Италија и средбите со македонската дијаспора.

– Мицкоски е веќе на пат за Македонија. Потребни се одлуки. Бараме итна лидерска средба која би се случила уште во текот на утрешниот ден – рече Јанушев.

Тој посочи дека Зоран Заев, иако е премиер, го нема монополот да одлучува за ова најважно прашање, а евентуалниот договор да биде ставање на целата држава пред свршен чин.

Од Владата одговорија дека прифаќаат лидерска средба, согласно тајминзите на лидерите.

Лидерска средба ќе се одржи во термин кој им одговара на сите политички субјекти кои се дел од овој вид средби. Во меѓувреме, додека се утврди термин кој одговара за сите, лидерот на опозицијата може да побара средба со премиерот, велат за МИА од Владата во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за итна лидерска средба за преговорите за името.

Слични содржини