Мицотакис до Заев: Јас не би го потпишал Преспанскиот договор

од Vladimir Zorba

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната средба со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев му на својот колега дека бил против Преспанскиот договор и дека како лидер на опозицијата работел против неговата ратификација, според грчката државна новинска агенција, цитирана од ДВ.

Сепак по неговата ратификација, тој е дел од меѓународното право и Грција мора да го почитува, посочил Мицотакис. Грчкиот премиер, исто така, побарал од Заев да не се одложува имплементацијата на одредени аспекти на договорот, особено во делот на трговските марки. Според грчки извори, средбата минала во добра и позитивна атмосфера.

Заев ветил дека нема да има одложувања во имплементацијата на договорот.

По оваа изјава на Мицотакис, сепак повторно се потврдува тезата сека Договорот од Преспа е во корист на Северна Македонија. Лидерот на Нова Демократија пред да ја преземе власта во неколку наврати нагласи дека договорот со Северна Македонија е „екстремно проблематичен за Грција“ затоа што „меѓу другото тој признава македонски јазик и македонска националност“.

Договорот од Преспа во Европа и светот пак, е потенциран како пример за храброст и лидерство на раководствата на двете земји, и дека придонесува за стабилноста на регионот и носи придобивки на граѓаните на Северна Македонија и Грција.

За повеќето домашни експерти, договорот останува позитивна приказна пред се поради затворањето на спорот кој беше пречка за интеграциите на државава во НАТО и во ЕУ речиси три децении.

Се чини едниствениот кој се уште е на спротивна линија е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој неодамна во едно свое гостување изјави дека е подготвен да го ревидира Преспанскиот договор со Мицотакис.

– Ние имаме против содржината на тој Преспански договор затоа што цврсто веруваме дека на тој начин некој се откажа од македонскиот идентитет. И тоа е мое право како Македонец, да имам различно мислење, затоа што се чувствувам навистина погоден, истакна неодамна Мицкоски.

Слични содржини