Мицотакис: Грција нема да го промени ставот по прашањето за Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, разговараше во Атина со премиерот на Република Грција, Кирјакос Мицотакис, кој уште еднаш му потврди дека позицијата на Грција во врска со непризнавањето на Косово нема да биде променета.

Вулин рече дека е особено благодарен на премиерот Мицотакис што уште еднаш потврди дека неговиот став и ставот на грчката Влада по прашањето за „признавање на таканаречената лажна држава Косово“ нема да се промени.

„Грција нема да го признае Косово, Грција ќе остане на позиции на меѓународното право и силна поддршка за Република Србија. Благодарен сум на премиерот Мицотакис за таквиот став и благодарен што грчката политика ќе продолжи во насока на најдобри можни односи со Србија“, рече министерот Вулин по средбата.

Слични содржини