Мицотакис: Најголем топлотен бран во Грција од 1987 година

од Nikola Popovski

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека неговата земја е погодена од најлошиот топлотен бран од 1987 година, додека тамошните метеоролози велат дека во некои области денеска ќе има температура до 45 степени Целзиусови.

Топлотниот бран започна во четвртокот, а врвот се предвидува денес и утре, според метеоролозите.

Сличен топлотен бран се случи во јули 1987 година. Во тоа време, најмногу ја погоди Атина, а повеќе од 1.000 луѓе починаа од тој топлотен бран, главно поради недостаток на климатизација и загадување на воздухот.

„Се соочуваме со најголем топлотен бран од 1987 година“, што предизвика оптоварување на електричната мрежа, рече Мицотакис. Грчкиот премиер рече дека властите прават се што е во нивна моќ и ги повика граѓаните „да ја ограничат потрошувачката на електрична енергија“.

Метеоролозите за денеска и утре прогнозираат температури од 40 до 42 степени на островите, а на копното 41 до 43 Целзиусови степени. На Пелопонез и Тесалија на северот од Грција, ќе биде од 44 до 45 Целзиусови степени.

Слични содржини