Мицотакис предложи жена за претседател на Грција

од Vladimir Zorba

Грчката конзервативна влада ја номинира судијката Катерина Сакеларопулу за претседател на земјата, пренесе „Ројтерс“. Улогата е претежно церемонијална, а шефот на државата го избира парламентот.

Сакеларопулу (64), која сега е претседател на Државниот совет, ќе биде првата жена претседател на земјата, доколку биде избрана од пратениците.

„Мислам дека е време нашата земја да има достојна грчка жена на највисоката позиција во земјата“, рече премиерот Киријакос Мицотакис во својата изјава. Неговата партија Нова демократија има 158 места во парламентот од вкупно 300 места.

Сакеларопулу, кој е од Солун, беше првата жена што го предводи Државниот совет. Таа е автор на бројни документи за животна средина и претседава со Здружение за еколошко право.

Левичарската партија СИРИЗА, која ја изгуби власта на парламентарните избори во јули 2019 година, веќе соопшти дека ќе го поддржи реизборот на конзервативниот Прокопиус Павлопулос, кој беше избран за петгодишен мандат во 2015 година. Тој му истекува на 20 март.

Процесот за избор на претседател може да бара пет гласања во парламентот, при што изборниот праг започнува од 200 гласа и постепено се намалува на 151.

Слични содржини