Мизрахи назначила роднина на Соња Тарчуловска и партиски кадри за директори на социјални центри

од Vladimir Zorba

Анета Томева, директор на Центарот за социјални работи во Штип. Роднина на Соња Тарчуловска, сопругата на Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ, открива А1он.

Ова е само едно од имињата кое техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, без потпис од заменичката Санела Шкријељ ги назначила за нови директори во центрите.

Нови директори добија и меѓуопштинските центри за социјална работа во Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш.

Повеќето се партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ, а на вчерашната седница Владата донесе одлука да ги поништи овие решенија, со оглед на тоа што тие биле донесени без потписот од дополнителната заменичка министерка.

Слични содржини