Мјанмар го блокираше Фејсбук порафи отпорот во воениот пуч

Новата воена влада во Мјанмар го блокираше пристапот до социјалната мрежа Фејсбук денес во време кога отпорот на граѓаните поради воениот удар во таа земја расте поради повикот за граѓанска непослушност, со цел да се протестира против соборувањето на избраните владата и премиерот Аунг Сан Су Чи.

Фејсбук е популарен во Мјанмар, а соборената влада честопати ја користеше таа социјална мрежа за да комуницира со јавноста, пренесува АП.

Корисниците на Интернет објавија дека прекините започнале во средата вечерта, а мобилниот оператор Теленор Мјанмар потврди дека мобилните оператори и интернет провајдерите во Мјанмар добиле упатства од Министерството за комуникации привремено да го блокираат Фејсбук.

Теленор Мјанмар, кој е дел од норвешката група „Теленор“, рече дека ќе се придржува до овие упатства, иако се загрижени дека наредбата ги крши човековите права.

Како што беше претходно најавено, мала група демонстранти излегоа на улиците во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, во знак на протест против воениот удар, што се случи во понеделникот, а тоа се првите улични демонстрации од кога армијата ја презеде власта.

Слични содржини