Млад човек турна жена на шините (ВИДЕО)

од Milan1

Млад човек намерно турнал жена на шините на метро станицата, но за среќа возот успеал навреме да застане. Инцидентот се случил во петокот вечерта околу 19:45 часот на метро станицата Рожие во Брисел.

На жената веднаш ѝ помогнале луѓе кои случајно се нашле на станицата на метрото во тој момент, потврдија од СТИБ, јавното транспортно претпријатие во Брисел.

На снимката од надзорната камера се гледа како насилникот оди напред-назад по платформата, а потоа ја турка жената одзади на шините. Други луѓе кои стоеја на платформата ѝ помогнаа да се качи од шините и да се врати на платформата.

Слични содржини