Млада девојка со „бмв“ се судрила со „матиз“, четири лица во болница

од Nikola Popovski

На 25.09 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско косовска бригада“ и ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву матиз“, управувано од М.Б.(66) од Скопје и патничко возило „бмв“, управувано од М.С.(18) од с. Сарај, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.Б. и нејзината сопатничка К.Б.(64) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле М.С. и нејзината сопатничка К.С.(47) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини