Младенци, празник на љубовта и бракот

од Elena Daskalova

Денеска се слави Младенци, еден од поголемите пролетни христијански празници, кој го слави споменот на четириесетте војници од Севастија, кои маченички загинале без да се откажат од христијанската вера.

Во 320 година четириесет војници во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исус Христос, биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува.

Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од христијанската вера може да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можел да издржи во водата што смрзнувала. Тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Овој празник го слават брачните парови во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.

На сите оние кои денеска слават Младенци им посакуваме долги години среќен брак, но и почитувајте ги препораките за социјално дистанцирање, во време на пандемијата на коронавирусот.

Слични содржини