Млади инфлуенсери цел на криминалците: Убиен 19-годишен трговец со криптовалути

од Stefanija Kuzmanovska

Млад трговец со криптовалути, кој се фалеше со своето богатство на социјалните мрежи, бил убиен зад воланот на неговиот црвен Порше Бокстер.

Напаѓач испукал дожд од куршуми кон Весли Песано (19) додека се движел низ бразилскиот град Сао Педро да Алдеа.

Грозоморното видео снимено по убиството покажува како Весли седи неподвижен во автомобилот во бела маица натопена со крв. На вратот е видлива рана од куршум, пишува „Сан“.

Убиството се случило во време кога криминалците интензивно таргетираат т.н. „лица кои се фалат на Инстаграм“, богати трговци со биткоин и инфлуенсери кои се фалат со своето богатство на социјалните мрежи.

Слични содржини